Правила и услови

Општи услови за употреба

Податоците, информациите и апликациите на Престиж се расположливи за употреба под следните услови:

Престиж е интернет портал за помош на потрошувачите при купување со помош на споредба на производи меѓусебе во рамките на иста категорија и олеснето пребарување низ пооделните производи.

Содржините на порталот не се официјални, освен ако тоа не е посебно нагласено. Податоците, информациите и апликациите кои се постапни преку порталот Престиж , може да се променат без никакви претходни известувања и најави. Корисниците го употребуваат порталот на своја одговорност.

Престиж не одговара за штета, посредна или непосредна, која би произлегла од достап, употреба или неможност на употреба на податоци, информации и апликаци на порталот. За правилност на податоците кои Престиж ги добива од други субјекти, Престиж ништо не гарантира и затоа е исклучен од секаква одговорност.

На одредени местаПрестиж збира информации за корисниците (име, презиме, адреса, телефон, е-маил, …). Корисниците ги даваат овие информации на Престиж доброволно. Престиж гарантира дека податоците нема да ги злоупотреби и нема да ги посредува на трети лица.

Корисниците на Престиж се анонимни или регистрирани. Анонимните можат да ги користат бесплатните услуги (на пр. Преглед на податоци за производи, нивната залиха, цени).

Корисниците мора да ги почитуваат следните правила:

  • дека базата на податоци на системот на Престиж како и самите податоци се заштитени во согласност со Законот за авторски и сродни права,
  • дека брендот Престиж е заштитен во согласност со Законот за индустриска сопственост.

Политика за достава

Оваа политика се однесува на достава на производи нарачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани од страна на Престиж или преку логистички партнер на адресата која е наведена во нарачката под следните услови:

  • Доставата се наплаќа во зависност од направената нарачка.
  • Доставата на производите се врши до влезот на станбениот објект.
  • Трошоците за достава се одредуваат дополнително по проверка и потврда за нарачка од страна на Престиж.
  • Купувањето преку нашата интернет страница може да се реализира од било коja локација и испораката се спроведува во целата држава Р. С. Македонија.
  • Испорака се врши секој ден, освен на државни празници и неработни денови.
  • Испораката на производите се врши на адресата наведена за испорака од страна на купувачот.
  • Производот што ќе биде порачан може да се плати електронски со картичка.

Достава од страна на Престиж се врши доколку Престиж има свое возило на пат во близина на адресата за достава во рок од 1-3 дена после направената нарачка и е бесплатна. Во спротивно, се извршува достава преку логистички партнер како што е наведено погоре.

Сите измени поврзани со испораката ќе бидат јавно објавени преку измена на оваа Политика за достава за производи.

Враќање и рефундирање на средствата

Доколку производот го примите во неисправна или оштетена состојба, паричните средства ви се враќаат во целост.
Рефундацијата на парите се врши со претходно приложување на фотографија на производот што е неисправен или оштетен во рок од 1-3 работни дена од моментот на примање на нарачката. Производот треба да биде вратен во оригиналното пакување за рефундацијата да биде извршена.
Рефундацијата не е во сила доколку производот се користи.