Пречистителна станица со ЕКО Бокс

260,000 ден

Пречистителна станица, SBR, биолошка, полиетиленска, за во куќа

SKU: 7995 Категорија:

ЕКО Бокс пречистителната станица 2-5ПЕ е наменета за чистење на отпадни води од домаќинствата. Конструкцијата на станицата се одликува со одлична статика и носивост, што овозможува добра издржливост и при високи подземни води. За откоп е потребна многу тесна јама и малку песок за да се затрупа, што ја поефтинува и забрзува монтажата. Едноставна монтажа овозможува и малата маса на станицата 230кг и 230С вртлив приклучок за доток, што овозможува едноставно поврзување со доточните цевки. Станицата е произведена во согласност со EN12566. Одличното и ефикасно работење го потврдуваат и сертификатите од институтот од Марибор,Љубљана, Штутгарт и Париз дека оваа станица ја прочистува водата до 97,2%. ЕКО Бокс работи безбедно и уверливо, скоро нечујно и без никаков непријатен мирис, а и не трпи никакви промени при промени на температурата. Пречистената вода може повторно да се искористи во околината. Високиот степен на прочистеност и едноставното управување од страна на корисникот го овозможува технологијата SBR. Стандардниот довод и одвод е DN110 DN125 или DN160(по нарачка). Моќта на компресоро е 60W. Додатна опрема: прооден поклопец до 125 КН, бетонски венец, поклопец на заклучување.

Слични производи