Пречистителна станица 40 ПЕ – 16000Л
997,000 ден
Пречистителна станица, SBR,биолошка, комунална, полиетиленска, за во куќа или викендица
Биолошка пречистителна станица RoClean работи по принцип на технологијата SBR, која овозможува висок степен на прочистување и едноставно раководење и прилагодување според потребите на корисникот. Вградена е во полиетиленски резервоар, кој е изработен од еден дел и гарантира 100% водо-тестност. Ребрастата површина на резервоарот, дебелината на ѕидовите 8-14мм, одличните материјали и статиката овозможуваат долг животен век и отпорност на притисоците од земјата. Телескопскиот додаток со дијаметар 600мм овозможува едноставно вградување и прилагодување на условите. Компјутерски управуваната пречистителна станица има автоматска регулација и 97,2% ефикасност при чистење на отпадни води. Рото станицата е развиена и произведена во согласност со EN12566. Одличното и ефикасно работење го потврдуваат и сертификатите од институтот од Марибор, Штутгарт и Париз бидејќи RoClean ги исполнува сите препишани услови според словенската и европската регулатива. За работење на станицата не ни требаат додатни пумпи или адитиви,само компресор 47W кој носи воздух. Во станицата нема вградено никакви механички делови кои што може да се запушат или да се истрошат. Компјутерот, компресорот и вентилот се вградени во куќиште, кое може да стои или да го закачиме на ѕид. RoClean станицата ја коистиме за чистење на комунални отпадни води од купатилата, кујните и други слични извори на загадување во куќите, становите и угостителски објекти каде има висока количина на отпадни води. RoClean е најштедлива станица. Инвестицијата во таа станица може да ја поделиме на 2 фази, каде што SBR системот го вградуваме покасно. Управувањето на RoClean се состои од компјутер, вграден во куќиште или на ѕид. Компјутерот го управуваат 4 вентили, од кои секој од нив си има своја функција: 1. Пумпање на вода од собирачот на блато во аератор. 2. Аеарација во аератор, 3. Пумпање на прочистената вода од ЧН во одвод, 4. Пумпање на на блатото од аераторот назад во собирачот на блато. Во компјутерот се наместени временски сите фази од процесот.