Пречистителна станица 8 ПЕ – 6000Л

367,000 ден

Пречистителна станица, SBR,биолошка, полиетиленска, за во куќа

SKU: 6375 Категорија:

Биолошка пречистителна станица RoClean работи по принцип на технологијата SBR. Вградена е во полиетиленски резервоар, кој е изработен од еден дел и гарантира 100% водо-тестност. Ребрастата површина на резервоарот, дебелината на ѕидовите 8-14мм, одличните материјали и статиката овозможуваат долг животен век и отпорност на притисоците од земјата. Телескопскиот додаток со дијаметар 600мм овозможува едноставно вградување и прилагодување на условите. Компјутерски управуваната пречистителна станица има автоматска регулација и 97,2% ефикасност при чистење на отпадни води. Рото станицата е развиена и произведена во согласност со EN12566. Одличното и ефикасно работење го потврдуваат и сертификатите од институтот од Марибор, Штутгарт и Париз бидејќи RoClean ги исполнува сите препишани услови според словенската и европската регулатива. За работење на станицата не ни требаат додатни пумпи или адитиви,само компресор 47W кој носи воздух. Во станицата нема вградено никакви механички делови кои што може да се запушат или да се истрошат. Компјутерот, компресорот и вентилот се вградени во куќиште, кое може да стои или да го закачиме на ѕид. Станицата има исто така и поклопец за заклучување.

Слични производи